Меѓу ретките случаи што се одлучуваат да зборуваат за тоа како е да се живее со Ковид-19 е и четиричлено семејство во една скопска населба. Тие веќе три недели се во самоизолација откако им биле позитивни резултатите на тестот за коронавирусот. За „Нова Македонија“ раскажуваат како реагирале нивните блиски пријатели кога дознале дека се позитивни на вирусот.

Сопругот се заразил од некој колега на работа, сега сите дома имаме ковид-19 со децата. Само јас примам антибиотска терапија бидејќи имав бронхопневмонија. Во почетокот криевме, никој не знаеше, освен најблиските бидејќи некој мораше да ни носи до пред врата храна и лекови. Не кажувавме поради менталитетот на луѓето. Еве, сега знаат скоро сите, па и соседите, но ретко кој се јавил да праша како сме. Поради тој игнорантски однос или поради реакцијата на пријателката, која испаничи кога ѝ кажав телефонски и која повторно никогаш не ми се јави, се чувствувам дури и виновно што сум заразена, а всушност секому може да му се случи ова. Кој сака да биде болен?, прашува скопјанката Д.Т

Случајот на ова семејство е само еден показател за тоа колку ова општество може да биде и нетолерантно, но и стигматизирачко.

Повеќе сведоштва на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.