По релативно стабилното лето, последните недели бројот новозаразени со коронавирусот во Хрватска од ден во ден урива рекорди. Но, членовите на владиниот научен тим сметаат дека тоа не е така лошо.

Според хрватскиот научник и член на владиниот научен совет за коронавирус, Гордан Лауц, постојат два вида вируси – летни и зимски.

На лето вирусот е многу поблаг и многу луѓе имаат благи симптоми. На зима е опасен, ги убива и напаѓа белите дробови. Не можеме да се поистоветиме со овој кој е сега. На крајот на октомври ќе ни се врати потежок облик и не треба да го игнорираме. Не можеме да го чекаме тешкиот облик и дури тогаш да се однесуваме одговорно, предупредил Лауц.

Додава дека токму затоа што тежината на болеста е полесна на лето отколку на зима, подобро е да се добие вирусот сега, отколку подоцна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.