Краток престој во природа има позитивно влијание врз човекот, без разлика на годините. Парковите во градовите се мали зелени оази и се идеални за ослободување од тензиите на кои секојдневно сме изложено.

Доволно е 20 минути во парк за да се чувствуваме посреќно и позадоволно, а притоа не мора да вежбаме, покажа едно истражување на американските научници.

Посетителите на парковите кои биле опфатени со истражувањето изјавиле дека по престојот во природа, се чувствуваат подобро, и физички и ментално, соопшти водачот на истражуањето, Хон К. Јуен, додавајќи дека тој и колегите забележале дека нивото на телесната активност на учесниците не било поврзано со подобрување на емоциналната благосостојба.

Авторите на истражувањето велат дека лица кои не можат да вежбаат поради возраста или инвалидитет имаат голема корист од престој во градските паркови. Повратните информации кои ги добиле од стотината испитаници ги навеле научниците на заклучок дека зелените површини во урбаните средини поттикнуваат емоционална благосостојба и дека во градовите е потребно да се направат уште повеќе паркови и зелени површини.

Иако научниците се повеќе укажуваат на вредноста на градските паркови и зелени површини, ние, за жал, сме сведоци на се помал број на такви простори, вели коавторот на студијата Гевик Џенкинс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.