Повеќе матични лекари денеска прекинаа со работа половина час и излегоа пред своите ординации во знак на револт поради игнорантскиот однос на државата кон нив откако почна пандемијата на Ковид-19.

Лекарите постираат фотографии од протестот на социјалните мрежи, под хаштаг #ДостаЕ#MjaftMë.

Тие бараат од здравствените власти во Македонија ангажирање на млад кадар во справувањето со епидемијата, но и помош во заштитна опрема. Ова се нивните барања:

– Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.

– Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам.

– Бараме да има член-претставник од матичните лекари во Комисија за заразни болести.

– Стопирање на какви било „реформи“, најавени од први јули, невиден преседан среде пандемија.

– Итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.