Комисијата за заразни болести претпладне донела одлука Домот за стари лица во Радовиш да се стави во карантин, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој е и член на Комисијата.
За здравјето на штитениците во Домот со одлуката на Комисијата ќе се грижат матичниот лекар, но и два пати во денот ќе доаѓаат лекар и медицински персонал од Здравствен дом Радовиш, рече Милошев.
Потврди дека од Домот за стари лица од коронавирусот се заразени десет лица, седум штитеници и тројца вработени, а четворица се на болничко лекување. Останатите се тестирани и се чекаат резултатите од тестовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.