Ова е домашен сируп против кашлица кој е одличен за деца и возрасни. Потребни ви се само две состојки: морков и мед.

Во сезона на настинки и грип потребно е да имате природни лекови кои ќе ви помогнат да ја сопрете кашлицата и да ги ослободите белите дробови од слузта. Ова е домашен сируп против кашлица кој е одличен за деца и возрасни.

Морковот е многу здрав зеленчук кој обилува со антиоксиданси, па затоа сокот од морков е многу корисен за намалување на крвниот притисок, а може да спречи дијабетес.

Многу доктори препорачуваат да пиете свеж сок од морков бидејќи содржи многу повеќе хранливи состојки и нашиот организам има многу повеќе здравстевни бенефити од тој сок.

Ова се некои од здравствените предности:

– го јакне имунитетот и спречува болести на срце
– го намалува нивото на холестерол
– спречува рак
– спречува акни
– одлично го подобрува здравјето на кожата
– го снабдува организмот со калциум
– врши детоксификација на телото

Потребни состојки:

500 г морков
5 лажици мед
вода

Постапка:

Морковот исчистете го и исечете го на тркалца. Ставете го во сад и прелијте со вода за да биде морковот прелиен. Накратко проварете додека да омекне морковот.
Процедете го и испасирајте го со мискер или блендер. Водата во која се вареше морковот оставете да излади, па додадете мед и се’ измешајте заедно со испасираниот морков.

Употреба:

По 3-4 лажици од овој сируп против кашлица во текот на денот. Ќе почувствувате подобрување за еден до два дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.