Со донација од милион долари кантри-пејачата Доли Партон (74) го поддржала најновиот успех на „Модерна“, како и други истражувачки напори во борбата против ковид-19, пренесува „Гардијан“.
Партон во април донирала милион долари за истражување, откако нејзиниот пријател доктор Наџи Абумрад од Институтот за инфекции, имунологија и воспаленија на универзитетот „Вандербилт“ во американската сојузна Тенеси и рекол дека имаат „некои големи достигнувања“ во потрагата по лек за вирусот. Абумрад и Партон станале пријатели во 2014 година откако пејачката имала сообраќајна несреќа и се лекувала во „Вандербилт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.