На денешната прес конференција која се одржа веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Влада, Оливер Спасовски ги соопшти одлуките кои беа донесени на денешната Владина седница.

Од утре 27 мај целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија. Од четврток 28 мај почнуваат со работа угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси ќе се регулира во наредната фаза. – соопшти Оливер Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, три месеци по дијагностицирањето на првиот случај со коронавирусот во нашата држава, оцени дека епидемијата е целосно под контрола и оти битката е добиена, но борбата се уште трае.

Тој потенцира дека вирусот е тука, но оти треба да научиме да живееме со него и да ги почитуваме мерките за заштита- носење маска, држење физичка

По три месеци ние сме на крстосница дали да продолжиме да го враќаме постепено животот во нормала, да се отвораат угостителските објекти, бизнисите, границите и притоа граѓаните да ги почитуваат сите мерки пропишани од Комисијата за заразни болести или ако мерките не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи и понатаму и по неколку месеци да бидеме соочени со предизвик повторно да воведуваме рестриктивни мерки, рече Филипче.

Министерот потенцира дека огромен дел од граѓаните ги применуваат мерките за заштита, но тие, се жр тви од оние кои, не го прават тоа.

Докторката Жаклина Шопова од инфективната клиника во Скопје се огласи на својот профил на Фејсбук по повод последните случувања и напиша:

Ако досега си дозволував да поделам некој превентивен совет кон сите Вас како лекар, после ваквите предлог мерки од релевантни институции во кои членуваат мои колеги, не сакам ни да помислам што може да се случи со СИТЕ НАС

, ..а се прашувам зошто секогаш ако си професионалец треба да потпаднеш под нечие влијание, под нечие барање….

Точно е дека ова трае можеби подолго отколку што треба , и на СИТЕ НАС И ВАС ни недостасува она што го имавме пред ова.

Ако сите овие мерки кои беа превземени за НАШЕ ДОБРО преку ноќ ги повлекуваме , тогаш се наметнуваат многу прашања ,на кои за жал наместо да одговорат ПРОФЕСИОНАЛЦИ , одговорите ќе ни ги даде времето… а јас ќе продолжам да делувам како лекар кога се работи за здравјето.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.