Се молиме на сите богови да не починат пациентите, вирусот е надвор од контрола и не бира возраст, пишува во својот статус на фејбук д-р Елена Павлевска, вработена на Клиниката за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања.

Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.
Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!
Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе…едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст.
Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме ризична категорија.
Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки.
И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа.
Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно.
…а молиме предолго веќе, пишува д-р Павлевска.

После повеќе од една година во Македонија има 3.940 лица починати од ковид-19, а 134.867 заразени. Активни се 21.630 случаи.

Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека…

Posted by Elena Pavlevska on Sunday, 4 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.