Двајца здравствени работници од поликлиниката во чаир се позитивни на Ковид 19, дознава Алфа. Станува збор за докторка и медицинска сестра. Според нашите информации до пред една недела заразената докторка одела на работа, а сега веќе е хоспитализирана во гГОБ „8 септември“ . Сестрата вчера ги добила резултатите од тестирањето , а како што тврдат вработени во поликлиниката и таа цело време одела на работа. Се сомневаат дека и двете криеле дека се позитивни на новиот вирус.
Медицинскиот кадар е во паника, но и пациентите кои биле во контакт со докторката и сестрата.
Од Здружението на матични лекари за Aлфа потврдија дека една докторка е позитивна од пред една недела. Од таму додаваат дека уште неколку вработени во истата поликлиника се ставени во домашна изолација, бидејќи пред една недела биле на состанок со заболената докторка. За сестрата велат дека немаат информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.