Eпидемијата сигурно ќе трае шест недели, но ако во тој период останеме во изолација, ќе спречиме понатамошно ширење на заразата и нагол раст на бројот на заболени, а со самото тоа, ќе победиме, вели српскиот епидемиолог Предраг Кон во интервју за „Блиц“.

Тој истакна дека многу е битно да се намалт секакви контакт помеѓу луѓето и да се спречи преносот на коронавирусот.  Додаде дека изолацијата е битна за да се одржи здравствениот систем, бидејќи огромниот број на починати во некои земји е последица и на заболувањето на медицинските работници, поради што здравствениот систем не можел да опстане.

Најзагрозени се оние кои сега ги држиме во изолација, значи постарите од 65 години, затоа што практично тие можат трагично да завршат. Сега е битката за зачувување на животите на најстарите, а епидемијата сама од себе не може да заврши. Може само да се развлекува, вели Кон.

Според него топлото време би можело да влијае на намалувањето на потенцијалот на вирусот, како и неговиот опстанок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.