Докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ од српскиот Кризен штаб за справуање со коронавирусот предупредува на зголемениот број млади лица заразени од ковид-19, за кои смета дека се резултат на претераното опуштање и непридржување до мерките.

Тоа се лица кои по правило се во добра состројба и инфекцијата кај нив може да помине како обична настинка, без симптоми, но ризикот е голем зошто може да ги заразат своите родители, баби, дедовци…, предупреди докторката за ТВ Прва.

Во Србија веќе работат и клубовите, а во функција се и затворените делови на угостителските објекти. Затоа, Кисиќ повторно ги предупреди младите да обратат повеќе внимание на себе.

Секое влегување во затворен простор со повеќе луѓе, како и контакт подолг од 15 минути на оддалеченост помала од метар се смета за голем ризик, порача таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.