Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург, соопшти дека има докази оти вакцината против Ковид-19 „Спутник“ обезбедува имунитет најмалку девет месеци.

Во моментов, експериментално можеме да гарантираме дека вакцината „Спутник“ обезбедува имунитет околу девет месеци и малку повеќе од тоа – изјави Гинзбург за телевизијата „Русија 24“.

Гинзбург додаде дека тој и голем број други истражувачи од Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите луѓе кои ја примиле вакцината „Спутник“.

Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото што ни овозможува на сите да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест – изјави рускиот научник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.