Дека Македонија вчера забележа рекорднен број на новозаразени во едно деноноќие очигледно не ги загрижува младите струмичани, а најмалку пак газдите на ноќните клубови во градот. Веќе извесен период како во Струмица да не важат правила и препораките за заштита на здравјето на населението како за остатокот до државата.
Вакво сведовштво на нејзиниот фејсбук профил синоќа сподели новинарката Вики Клинчарова каде од прикачената фотографија за која вели дека е од еден од клубовите во Струмица може да се види дека буквално нема игла каде да се фрли.
Македонска нацијо со меморија на златна рипка! Многу бргу денесните бројки на ковид се заборавија. Ова е клуб во Струмица, моментално. Да не ги вадиме и снимките од партиските журки од пред некој ден. Сега појасно ви е вам, свесните? Чувајте си се самите и надевајте се дека поради некоја себична будала нема да се инфицирате вие или важите блиски. Со среќа, ќе ни треба, напиша Клинчарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.