На почетокот и во текот на следната недела, се очекува поставување т.н мобилна болница, на просторот до Клиниката за инфективни болести. Тука ќе бидат поставени објекти во кои ќе се сместат близу 130 кревети, со што капацитетот на Клиниката за инфективни болести практично се дуплира, со соодветни тоалети, суви ходници, со коишто ќе се комуницира со самата клиника.

Сметаме дека е добро да се надополни капацитетот таму каде што е всушност експертизата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, по градови: Скопје 11, Прилеп 4, Куманово 2, Тетово 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја, изнесува 219 лица. Според местото на живеење досега случаи се регистрирани во Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово и Гостивар. Во земјава има тројца излекувани пациенти и за жал, тројца починати.

На прес-конференцијата, министерот Филипче потенцираше дека здравствените работници се целосно мобилизирани и подготвени се капацитетите.

Здравствените работници се целосно мобилизирани и се подготвени капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што ние сме во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Соодветно се третираат, терапија е веќе аплицирана – таа што ја најавивме кај сите пациенти на клиниката кај којашто е индицирана, согласно анализите од електрокардиографијата, така што сосем добро и стручно се справуваат колегите во сите јавноздравствени институции, изјави министерот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.