Брзата вакцина ќе го врати животот брзо во нормала. Но дилемите се: колку бргу тоа може и да се очекува да се случи? Доколку продолжи актуелниот тренд и доколку се исполнат најавите за процесот на набавка, почетокот на пролетта би можел да донесе и одредено стивнување на епидемијата и постепено враќање во нормала, смета епидемиологот Драган Даниловски.
„Независно што очекуваме вакцини, тоа сигурно дека ќе биде трајно решение, но имунитетот се стекнува и на природен начин. Некои прогнози велат дека ако се оди со оваа динамика, некаде во март и април во Македонија ќе бидат заразени асимптоматски или со симптоми околу 60% од населението. Тоа е доволно да стивне епидемијата дури и без вакцина, но дефинитивно вакцините ќе бидат потребни за ризичните вработени, здравствените работници, вработените во услужните дејности, војската, полицијата, постарите од 65 години, како и хронично болните“, вели Даниловски во интервју за Дојче веле.
Тој објаснува дека на ваков начин пандемијата ќе згасне делумно по пат на заразување по природен пат, или со вакцинација, но вирусот нема да исчезне. Тој ќе остане кај нас и ќе биде ендемски, секогаш ќе има ризик да се добие вирусот од страна на ризичните групи и ќе имаме ситуација аналогна на грипот и настинките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.