Дневно само по двесте граѓани од истокот ќе може да се тестираат со брзите ковид тестови. Таа привилегија ќе ја имаат граѓаните од Делчево,Македонска Каменица, Штип и Кочани, додека граганите од другите општини во регионот ќе мора да патуваат до соседните градови. Тестови за здравствените домови и станици во Берово, Пехчево и Пробиштип.

Во Кочани од денес дневно ќе се тестираат по дваесет. Листата е веќе полна, коментира првиот човек на кочанската болница, посочувајки дека се пријавени граѓани од Скопје, Велес , па дури и Битола. Во Штип ќе се тестираат 40, во Каменица 20, а во Делчево најмногу 60.

Брз тест може да закаже само матичен лекар и тоа доколку пациентит го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на ковид не повеќе од пет дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.