На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети нашата земја на првиот Национален форум за здравје, кадешто активно се работеше на Акциониот план за зајакнување на националниот систем на примарната здравствена заштита (ПЗЗ).

Форумот ќе се одржи во Скопје, на 27 февруари 2020 година, во организација на Министерството за здравство и со поддршка од СЗО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.