И директорот на Клиниката за неврохирургија Владимир Рендевски е меѓу заболените од мали сипаници, кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Веќе трет ден сум на Клиниката за инфективни болести. Денес сум малку подобар, инаку бев со висока температура и со треска. Минатата недела имаше и други два-тројца вработени кои заболеа и тие не се на работа. Секојдневно сме во контакт со пациенти од различни делови на земјата, доаѓаат и амбулантски ги прегледуваме, затоа и апелот до сите што не се вакцинирани да се вакцинираат, рече Рендевски за „СДК“.

Додава и дека скоро сите вработени се ревакцинирале, а дека тој изгледа е вакциниран само со една доза.

Институтот за јавно здравје денес објави дека последнава недела од мали сипаници се регистриранини 110 заболени и дека меѓу заболените повеќе од половината не се од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.