Директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски е позитивен на корона вирус. Тој утринава ги добил резултатите и веќе е во домашна самоизолација.

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација, напиша Васко Кичевски директорот на ЈП ПОЦ на ФБ.

На крајот од постот тој се извинува доколку го пренел вирусот некому, како што вели „несвесно последниве денови сум довел некого во опасност“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.