Директорката на Универзитетската клиника за кожни болести е четвртиот пациент заразен со коронавирус во Македонија. Нејзе синоќа и била дијаностицирана болеста, а во моментов се сместува на Клиниката за инфективни болести, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Нејзината состојбата е стабилна, има лесна клиничка форма, изјави Филипче.

Тој не го криеше своето разочарување од однесувањето на колешката, посебно бидејќи таа е медицинско лице, а не ги следала протоколите.

Со огромно разочарување потврдувам прво во контекст на непочитување за задолжителна автоизолација, по патување во ризичните региони за жена која е наша колешка, директор на Клиника за кожни билести, која откако се вратиле, одела редовно на работа, пет дена. Земајќи го во предвид овој факт со големо внимание пристапуваме со мерки во Клиниката за кожни болести, изјави Филипче.

Тој соопшти дека Институтот за јавно здравје прави контрола на степенот на ризик.

Можно е одделот да биде целосно затворен. Целокупниот медицински персонал ќе биде испратен на домашна самоизолација, пациентите кои се хоспитализирани, оние кои можат ќе го продолжат лекувањето дома. Колешката немала директни контакти со пациенти изминатата недела. Од епидемиолошката анкета ги навела сите контакти и ќе се одлучи каква форма на надзор ќе има, рече министерот.

За Филипче, ова непочитување е огромно разочарување.

Секојднените апели за самоизлоација мора да се сфатат многу сериозно. Не можеме да ги затвориме границите, ниту една земја во Европа тоа го нема направено, затоа потенцирам секој кој доаѓа од ризичен регион да остане во изолација 14 дена, рече Филипче.

Тој најави дека ќе бидат преземени мерки против сите кои го загрозуваат јавното здравје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.