Министерот Венко Филипче изјави дека е разочаран од постапката на директорката за кожни болеси која дојде од Италија заболена со коронавирус. Бидејки пет дена работела на клиниката, имала симптоми, се заканувала на колеги за да не ја пријават, а воедно свесно ставила во опасност и пациенти, колеги, таа според зборовите на Филипче ќе биде суспендирана. Тој во дневникот на Сител објасни дека состојбата во која се наоѓа државата, односно време пред избори таа не може да биде разрешена, но во најбрз можен рок ќе се постапи по оваа одлука. А исто така потенцира дека никој нема да биде поштеден од одговорноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.