Одлукатa на Владата за лековите ќе направи штета на илјадници семејства кои имаат лица што не можат лично да ги подигнуваат лековите, вели пратеникот Илија Димовски.

Факт е нема доволно лекови, факт е лажно ги обвинија лекарите, факт е парите од Фондот ги трошат за друго, факт е не ги бива, напиша Димовски на „Твитер“.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека во туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија од утре, 6 август нема да има ограничување на лековите од аптеките, а наесен се планира укинување на квотите и во другите градови. Како што додаде дека рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецет за неподвижни лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.