Ова летно овошје содржи 92% вода и е одличен сојузник во процесот на слабеење. Водата која ја содржи лубеницата го поттикнува слабеењето, го чисти телото од токсини и го намалува апетитот. Со консумирање на лубеница ќе останете хидрирани, а кога внесувате многу вода, вашето тело функционира на правилен начин. Со консумирање на лубеница нема да чувствувате глад и жед.

Ова овошје содржи 1,1 гр растителни влакна кои ќе ви помогнат подолго време да се чувствувате сити.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Кентаки покажа дека со консумирање на лубеница може да го намалите процентот на масти во телото. Сокот од лубеница ја намалува и болката во мускулите.

Благодарение на сите предности на лубеницата, оваа диета е најнов тренд. Со помош на неа ќе се ослободите од вишокот на вода во организмот, токсините и другите штетни материи во вашето тело.

Оваа диета се држи 5 до 7 дена. Во првата фаза од оваа диета јадете само лубеница 3 дена. Потоа продолжувате со вашата вообичаена исхрана. Во наредните денови за вечера треба да јадете порција лубеница.

Наместо сокови пијте само вода или сок од лубеница. Лубеницата изобилува со витамини и минерали како што се витамин Ц, А, бета-каротин, калиум и ликопен.

Со оваа диета може да ослабете и до 5 килограми за 7 дена

Како и сите диети, и диетата со лубеница е рестриктивна, а со оглед на тоа дека консумирате многу вода, може да имате проблеми со дијареја или подуеност. Оваа диета не се препорачува на бремените жени и луѓето со ослабен имунолошки систем. Но доколку сте совршено здрави, оваа диета не може да ви наштети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.