Единаесет годишно девојче од Англија едвај преживеало по ретка ковид состојба.
Девојче од англискиот град Тамворт, во близина на Бирмингем, се борело за живот откако по прележан коронавирус, паднало во тешка постковидна состојба од која пожолтело. Медисон Кери колабирала еден месец откако била позитивна, а родителите рекле дека се работи за ретка, но сериозна воспалителна болест која може да се појави неколку недели по ковид. Медисон никогаш не се опоравила целосно откако имала ковид во јуни, и честопати подоцна страдала од замор и висока температура, пренесе „Сан“.
Кога таа и нејзиното семејство во јули го посетиле музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон, Медисон рекла дека се чувствува вознемирена и одеднаш ѝ се слошило.
„Одеше како да е пијана. Одеднаш таа пожолте и беше многу летаргична”, раскажала нејзината мајка.
Таа колабирала на метро станицата, па нејзините родители ја однеле во најблиската болница, каде лекарите утврдиле дека станува збор за детски мулти-системски воспалителен синдром (ПИМС). ПИМС го активира имунолошкиот систем, кој се бори против вирусот, но потоа дава премногу силни реакции кои влијаат на други делови од телото. Медисон потоа била префрлена во Кралската болница Бромтон, каде била третирана од кардиолози и пулмолози. Мајката на Елизабет ги опиша ужасните моменти кога Медисон се борела за живот, бидејќи нејзиниот притисок целосно се намалил. Лекарите потоа и вбризгале адреналин и лекови, пред да ја стават во вештачка кома. Нејзината мајка рекла дека девојчето сега е многу подобро, но ќе мора да ја следи состојбата на срцето во следните пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.