Сликата на 9-годишниот Јане Велковски од Скопје, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), покрај постерот на неговиот фудбалски идол Кристијано Роналдо на Градскиот стадион во Скопје објавена на инстаграм профилот на УЕФА, го обиколи светот.
Јане боледува од ретката болест СМА тип 2- врзан за инвалидска количка, која му била дијагностицирана непосредно пред првиот роденден. Но и покрај болеста, Јане не прастанува да сонува да биде фудбалер.Тој е весело и интелигентно момче, кој својата количка ја вика формула која му овозможува да трча и да биде најбрз меѓу другарчињата.
Малиот Јане за првпат го добива лекот спинраза. Тој e нашиот иден фудбалер и амбасадор. Вчера, за првпат во нашата држава беше даден лекот кај десетмесечно бебе и тоа се чувствува добро. Лекот за сите седум пациенти со спинална мускулна атрофија е обезбеден, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Јане живее во скопската населба Хром и е четврто одделение во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски”.
Неговите родители од дијагностицирањето на болеста водат борба да му овозможат максимално квалитетен и исполнет живот, што во нашата земја е многу тешко.
Болеста СМА е животнозагрозувачка, прогресивна, ги зафаќа сите мускули на телото, а најмногу страдаат белите дробови. Кај нас за неа малку се знае и нема соодветна здравствена нега. Со примена на нов метод во ‘рбетниот столб на Јане му се поставени импланти. На секои шест месеци Јане оди во клиниката за да му продолжуваат имплантите кои треба да го следат неговиот раст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.