Африканските здравствени власти откриле нова варијанта на коронавирусот кај лице кое патувало од Танзанија за Ангола.

Африканскиот центар за контрола на болестите (ЦДЦ) соопшти дека варијантата има околу 40 мутации.

Лидерот на ЦДЦ, Џон Нкенгасонг, денеска на прес-конференција кажа дека „ова секако е варијанта која предизвикува загриженост“.

Танзанија не објавува податоци за инфекциите со коронавирус, така што и мутацијата не може да се следи.

Покојниот претседател Џон Магуфули, кој неодамна почина, се спротивстави на борбата против коронавирусот.

Нкенгасонг денеска кажа дека се уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против оваа нова варијанта на вирусот.

Тој предупреди дека Африка е на пат кон третиот бран на пандемијата од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.