Четиригодишно дете во Колорадо почина од грип, откако неговата мајка слушала совети од антиваксерска група на „Фејсбук“, во која ја советувале да не го лекува своето дете со „тамифлу“, јави „Ен-би-ес њуз“.

Фејсбук-групите кои шират ативаксерскаа пропаганда станаа извор на лажни информации за многу луѓе кои бараат совети за лекување, вклучувајќи го и грипот што моментно се шири во Соединетите Држави. Една таква група е „Стоп за задолжителната вакцинација“ (Stop Mandatory Vaccination), која има повеќе од 139 000 членови.

Мајката на починатото дете во оваа група побарала совет за тоа како да се лекува грипот. Нејзиното дете имало температура и напади, но сè уште не му бил дијагностициран грип. Мајката исто така напишала дека другите две од нејзините четири деца имале грип во тоа време и дека нивниот лекар им пропишал „тамифлу“, но таа не сакала да им го даде на децата.

Под објавата на мајката чие 4-годишно дете подоцна починало имало 45 коментари. Ниту еден од нив не вклучувал совети да побара лекарска помош. Детето, во меѓувреме, завршило во болница и починало по четири дена.

Мајката напишала дека го третирала детето „природно“, односно со масло од пеперминт, витамин Ц и лаванда. Бидејќи тоа не помогнало, таа ја прашала групата што друго може да им даде на децата. Тие ѝ рекле да ги дои своите деца и да им дава боровинки и мајчина душица. Мајката одговорила: „Одлично, ќе пробам со тоа“.

Најавата, во меѓувреме, е избришана од групата „Стоп за задолжителната вакцинација“, но постарите објавувања покажуваат дека споменатата мајка не ги вакцинирала деца против грип.

Од Фејсбук рекоа дека станиува збор за трагедија и дека нивните мисли се со семејството.

Не сакаме лажни информации за вакцините на Фејсбук и затоа работиме напорно за да ги спречиме на платформата, вклучително и во приватни групи“, порачаа од „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.