На Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер – 15 февруари, Министерството за здравство информира дека успешноста на лекување на детските малигноми е над 80% на Клиниката за детски болести. Овој ден, секоја година се одбележува во знак на поддршка на децата со малигни заболувања, за подигнување на свесноста кај јавноста, како и за сите аспекти на нивната борба со болеста.
Единствената специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години е Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести.
Оваа установа ја има потребната експертиза, каде се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација.
Од почетокот на пандемијата од КОВИД-19 досега, вкупно 15 деца заѕвонеле на ѕвончето на хемато-онколошкото одделение, ритуал кој секое излекувано детенце со неговите родители го прават при напуштање на Клиниката.
И во услови на коронавирус, обезбедена е терапијата во континуитет и ниту една не е одложена. Одобрени се европските и светски протоколи за тестирање на децата за КОВИД пред секое отпочнување на хемо-терапија за да може терапијата да тече безбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.