Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека денеска се очекува да пристигнат во Македонија десет илјади вакцини „Фајзер“, додека на 15 мај стигнува пратка на кинески вакцини. Филипче не кажа кои кинески, но претходно беше соопштено дека на 15 мај треба да пристигнат 500 илјади дози на „Синовак“, вакцина која според студиите има ефикасност од 50 отсто. Според Филипче, ефикасноста е многу поголема.
10 илјади вакцини на Фајзер денеска доаѓаат. Според најавите донација на кинеската армија на вакцини на 15 мај, и согласно сите најави го правиме распоредот на делење на вакцините ширум пунктовите, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.