Лекот дексаметазон наречен може да го спаси животот на тешко болните пациенти со ковид-19, сметаат британските експерти според кои лекувањето со мала доза на овој генерички стероид претставува голем чекор напред во борбата против коронавирусот.

Дексаметазон за една третина го намалува ризикот од смрт кај пациентите приклучени на респиратор, односно за една петтина кај оние кои се на кислородна поддршка.

Дексаметазон не им помага на луѓето со поблаги симптоми, односно на оние кои немаат проблеми со дишењето.

Овој лек е дел од најголемото светско тестирање на постојни третмани за да се види дали тие можат да помогнат против ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.