Студија на Универзитетот во Њујорк тврди дека прекумерната тежина е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација заради коронавирусот кај луѓето над 65 години.
Популацијата над 65 години е карактеризирана како ризична група за заболување од коронавирусот.
Старите лица и луѓето со прекумерна тежина имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани заради компликациите кои ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од заболените од рак или со проблеми на белите дробови, предупредуваат истражувачите.
Од Универзитетот во Њујорк набљудувале повеќе од 8.000 пациенти и откриле дека луѓето преку 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се со најголем ризик од смрт.
Истражувањето открило дека дури 46 отсто од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале над 65.
Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба која најчесто е поврзана со тешката состојба на болеста е прекумерната тежина.
Посебно истражување утврдило дека на пациентите помлади од 60 години дупло поверојатно дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација доколку се со прекумерна тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.