Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, денешната редовна прес конференција оцени дека активностите на надлежните институции како на локално, така и централно ниво продолжуваат во континуитет.
Се оди во најдобар ред. Во Општата болница во Дебар пристигнаа еден специјалист пулмолог и тројца педијатри, како и заштитна опрема за здравствениот кадар а ќе прстигне и друга. Педијатрите ќе работат двосменски за да може граѓаните за своите деца да користат здравствена услуга,рече Дука.
Посочи дека се прават напори да биде извршена евакуација на граѓаните кои останаа затекнати по прогласувањето на кризната состојба на 13 март.
Имаме барање до Владата за лицата, македонски и странски државјани, кои поради прогласувањето на кризната состојба останаа заглавени, да се организира протокол за нивна евакуација, идентичко како што беа евакуирани жители од селата Тресонче, Гари и Осој, рече Дука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.