Излекуваниот доктор од Дебар Арбен Аголи од Дебар во гостивање на ТВ 21 објасни дека успеал да го победи корона вирусот со смиреност и терапија.
Многу смирено ја примив таа вест. Не се уплашив воопшто и психички почнав да се подготвувам за тоа што следи, а тоа е 14 дена самоизолација во домашни услови и подлегнување на терапија која ми беше препорачана од колегите од Инфективната клиника – посочи Аголи.
Тој вели дека цел тим од двајца доктори и 3 медицински сестри се заразиле од семејство кое дошло во болницата, чии членови подоцна се испоставило дека се позитивни на Ковид 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.