Веќе десет дена примариус доктор Драган Клопчевски, специјалист интернист кој живее со семјеството во Скопје е деберската болница и заедно со неговиот тим се бори со коронавирусот. Дебар е во карантин, градот е затворен, без посебни дозволи никој не смее да влезе или да го напушти.
Доктор Клопчевски пред да завладее коронавирусот во Дебар имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела нема да се враќа кај сопругата и децата во Скопје. Можеби нема и подолго…
Тој во градот кој е во кризна состојба стигна со посебен протокол со посебна пропусница. На влезот на градот имаше полиција и влезот секако беше ограничен.
Клопчевски пешки го помина мостот, па мораше да чека ново санитетско возило, затоа што првото се чистеше. До таму го испрати сопругата. Емоциите се силни, ама за докторот нема дилема дека сега е времето кога треба да помогне.
Од Дебар со семејството сега ќе се слуша само телефонски. Вели дека сите доктори даваат натчовечки напори да помогнат во оваа ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.