Докторот и професор Драган Даниловски вечерва во гостувањето на Топ тема кажа дека многу е важна соработката на граѓаните, односно да се почитуваат мерките и дека вирусот воопшто не терба да се потценува туку дека тој се уште е присутен и зема замав. Даниловски истакна дека масовното тестирање е тоа кое ќе покаже кои луѓе го носат во себе вирусот, а немаат симптоми. Порача здравствените работиници сплотено да работат, без поделби, бидејки така ќе има поголеми резултатати во борбата против оваа болест. И истакна дека за жал бидејки го живееме и т.н. втор неочекуван бран на испитот паднале и власта и здравствените работници.

 

Според некои мои математички проценки и информатичари од Сингапур опашките на ковид- 19 требаше да завршат кон средина на јуни. Но кај нас т.н. втор бран не изненади. Се покажа дека има и теории на заговор, се случија и групирања, токму поради притисокот „Ти ли ќе ми кажуваш на мене“, бидејки некои граѓани се чувствуваат побезбедни кога се во група. Секако има луѓе кои со убав збор знаат да почитуваат мерки, додека некој други пет пари не даваат за мерките во целава оваа работа, видовме дека има непочутување, што ако од надвор ги затвориш, а внатре тие повторно семејно си се дружат, вели Даниловски за Топ Тема.

Тој порача дека свесноста на граѓаните во оваа борба протов ковид-19 е многу важна.

 

Моите препораки за контрола се со одредена веројтност ако остане на свесноста на луѓето на ниво како до сега ќе очекуваме зголемување на бројката и на места кај што нема голем број заразени. Паднавме во испиотот во секој поглед и во ниво на власт и во здравствениот круг. Излезе дека ние како здравствени работници не сме сложни.

Запрашан кои се неговите препораки за натамошно справување со коронавирусот, Даниловски кажа дека интензивна комункација со граѓаните е многу важна во борбата со оваа болест.

Комисијата за заразни болести треба да ги следи работите, да процени добро дали се потребни стрикни карантински мереки. Ако се одлучат затоа да се стават одредени населби, па и маала и улици, не мора цел град. До сите релевантни фактори и здравствени работници, сите да се сплотиме да се симнеме меѓу луѓето и народот. Да седнеме со влијателните луѓе, попови, оџи, бизнисмени, за обичниот граќанин да слушне од нив дека вирусот е присутен, интензивна капмања на комуницирање, за заштита на сите луѓе од вирусот. Летето не е гаранција дека вирусот ќе замре, Африка е пример затоа.

Еподемиолочки, мерките мора малку да се опуштат, па да се затегнат, уметност на жонглирање, со цел да не колабира системот и економијата. Важно е да соработува народот, тоа е поради заедничката загрозеност на сите. Многу важно е покрај ресрективни мерки мора и масовно тестирање, ако тестирате поголем број контакти, многу е поголема веројатноста да дојдете до позитивни резултати. За да може најобјкетивно да се процени ситуацијата, неопхидно е масовно да се тестира од општата популација, по семејство, по еден член да се тестира… На таков начин ќе се најдат луѓето кои не знаат, а се позитивни, кажа Професор Доктор Даниловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.