Инфектологот Драган Даниловски посочува дека секаде каде што се користел лекот „Ивермектин“ во борбата против Ковид-19 смртноста е помала. Како што вели тој, овој лек во земјава сега се користи за ветеринарна употреба во прашкаста материја.
-„Ивермектинот“ е антипаразитален лек, 40 години познат. Неговото откритие е наградено со Нобелова награда во 2015 година. Дополнително, се наоѓа на листата на т.н. есенцијални, суштински лекови на Светската здравствена организација. Единствениот од сите познати лекови досега што се употребуваа, паметиме ние, антималараци се користеа, хидроксилороквин, хлороквин. Потоа популарен стана „Ремдесивирот“ кој што е многу скап, меѓутоа, има дејство само ако се даде во првите пет дена после инфекцијата, потоа „хларипиравир“ го увезовме, ама тој е ефикасен само ако се даде во првите пет-шест дена. Овој лек, научно е докажано, има над 27 студии, покажано е дека делува не само во првите денови на инфекцијата, туку делува и во одмината фаза на болеста – рече Даниловски на Сител.
Тој појаснува дека овој лек се користи во Австралија, Нов Зеланд и африканските држави, а како што вели, само прашање на време е кога ќе почне да се користи и кај нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.