Компанијата „Даниел Кристенсен“ во ек на глобалната паднемија на Ковид 19 и недостиг на средства за заштита одлучи да изработи заштитни маски кои бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните.

Соочени со глобалната пандемија на Covid-19 и недостигот на средства за заштита, одлучивме како општествено одговорна компанија да изработиме заштитни маски кои бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните кои не успеале досега да ги обезбедат, како и на вработените во Општа Болница и Министерството за Внатрешни Работи кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните.
Останете здрави и безбедни, стои во соопштението на „Даниел Кристенсен“, објавено на социјалните мрежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.