На социјалните мрежи постојано може да се прочитаат совети, упатства и препораки во врска со коронавирусот. Но, еден текст преведен од италијански за искуствата на нивните доктори секого ќе го потресе. Еугенија Карл, новинарка од РТВ Словенија го постави текстот на својот фејсбук профил и го преведе од италијански на словенечки.
Ова го преведов од италијански бидејќи вака не сум била шокирана подолго време:
Доктор Карло Серини: Ги носам пациентите на интензивна нега. Со години. Но, овојпат е поинаку. Морав да исклучам еден стар човек синоќа. Му дадовме маска за дишење, беше исплашен и гледаше наоколу со исплашен поглед. Му се доближив и ми шепна: Значи вистина е. Лоша ми е состојбата? Го фатив неговиот поглед и сфатив дека во тој момент немав одговор.
Доктор Франческо Кортеларо: Дали знаете кои чувства се најстрашни? Да видите пациент како умира сам. Да ги слушате кога ве молат да се јават на своите деца или внуци. Заболетите од коронавирус се изолирани, семејството не може да биде со нив и знаат дека заминуваат. Последната жртва беше една возрасна жена која почина минатата ноќ. Сакаше да ја види својата внука. Го извадив мојот телефон од џебот и воспоставивме видео-конекција. Се збогуваа. Набргу потоа таа почина. Сега веќе имам долга листа на видео повици. Ја викам листа на збогувања. Значи ако продолжите да се жалите дека ви е досадно да останете дома, само сетете се дека на тој начин нема да ги оставите да умрат сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.