Во моментов, најмасовниот, индиски вирус на корона, не ги заобиколува ниту најмладите, така што бројот на прегледи во детскитековид-центри расте од ден на ден. Се предвидува дека бројот на посети на педијатрите ќе се засили кога ќе започне и сезоната на грип.

Грипот е потенцијално поголема опасност за децата отколку ковид, вели д-р Горан Вукомановиќ, педијатар на Детската клиника во Белград.

Минатата година немавме вистинска епидемија на грип од повеќе причини, но една од нив е дека се вакцинираа голем број луѓе кај нас и во светот. Вакцинацијата против грип е најдобриот начин за превенција кај деца со оштетен имунитет, а покрај тоа, важна е и вакцинацијата против ковид за деца постари од 12 години. Вакцините се потполно безбедни, а бебињата на возраст од шест месеци, исто така, би можеле да ја добијат онаа против грип, но тоа не е практика, бидејќи обично нема толку многу вакцини за грип. Компликации од грип може да се појават и кај целосно здрави деца, порачува докторот за „Новости“.

Покрај имунизацијата, експертите се согласуваат дека најефективниот начин за надминување на сезоната на респираторни инфекции и пандемии е носењето маска, редовно миење на рацете и избегнување гужва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.