Во Македонија оваа сезона има задоцнет старт на грипот, а тоа повлекува и задоцнет пик, односно моментот кога бројот на заболени ќе го достигне највисокото ниво. За среќа, оваа сезона имаме релативно мал број заболени од оваа заразна болест во однос на минатите години, вели д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Според податоците и искуството грипот во Македонија најголемиот замав обично го има во втората половина на јануари или почетокот на февруари. Годинава е поинаку, покажуваат податоците на ИЈЗ. Во Македонија, за разлика од регионот, има помалку заболени. Во Србија и Хрватска бројот на заболени се искачи на  илјадници. Србите го продолжија и зимскиот распуст на учениците поради тоа што беше прогласена епидемија на оваа заразна болест.

Според податоците објавени на веб страницата на ИЈЗ во текот на 8-ма недела од 2019 година (18.02-24.02.2019), во Република Македонија се пријавени 3.209 (I=155,1/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 9% зголемување во споредба со минатата недела (n=2.943).

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 24,6% споредено со 8-ма недела од минатата сезона (n=4.258).

Таа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ биле пристигнати 115 материјали за тестирање на грип, од кои 77 (67%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 67 Influenza A(H1)pdm, 8 Influenza A(H3) и 2 Influenza А несуптипизиран.

Во Македонија досега петмина го загубија животот од грип. Последен случај беше 14-годишното дете кое почина од докажан пандемски AH1 вирус на грип. Детето боледувало и од церебрална парализа.

Д-р Владимир Микиќ, Институт за јавно здравје

Институтот за јавно здравје за состојбата со грип известува неделно, согласно епидемиолошка практика и законска регулатива, известување се праќа и до СЗО и ЕЦДЦ на крај на претходната недела. Извештајот се објавува и на веб страната на ИЈЗ. Инаку, починатото дете е со докажан пандемиски AH1 вирус на грип – изјави за „Република“ д-р Микиќ, додавајќи дека е светска пракса и стандард да се соопштува на неделно ниво за бројот на смртни случаи од грип.

Само кога не е сезона на грип, а има смртен случај од оваа заразна болест, тогаш има законска регулатива во рок од 24 часа се пријави случајот, додава д-р Микиќ.

Иа­ко е ши­ро­ко рас­про­стра­не­то мис­ле­ње­то де­ка гри­пот не ви­рее на сту­де­но вре­ме ка­кво што има­ме во изминатиот пер­и­од од го­ди­на­та, оваа за­раз­на бо­лест во ус­ло­ви на сту­де­но вре­ме и ре­ла­тив­но ни­ска влаж­ност на воз­ду­хот оста­ну­ва по­дол­го вре­ме во воз­ду­хот. По­ра­ди сту­де­но­то вре­ме, по­ре­тко се про­ве­тру­ва­ат про­сто­ри­и­те во кои се пре­сто­ју­ва, та­ка што ве­ро­јат­но­ста да се вди­ше е по­го­ле­ма.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.