Вирусологот проф. д-р Вело Марковски, кој гостуваше на трибината: „Пневмонии, рано препознавање, класификација, лекување“, дава детален приказ како и со што да се лекуваат пациентите кои се заболени од корона вирусот.

Во неговата објава на Фејсбук, професорот Марковски говори за антибиотската терапија, на кои пациенти кој лек и колкави дози треба да се даваат.

Во продолжение целиот пост на д-р Марковски:

Белите дробови тежат приближно 1000-1300 гр. Заедно, белите дробови содржат приближно 1.500 километри дишни патишта и 300 до 500 милиони алвеоли. Секоја алвеола е со дијаметар од околу 0,2 милиметри.

Пневмонијата е акутна (нагла) инфекција на бели дробови, со различни етиолошки причинители и различни клинички и патоанатомски форми. Таа е на десето место од вкупните причини на општата смртност, на шесто место како причина за смрт кај постари од 65 години, на прво место како директна причина за смрт од инфекција. Годишно во светот има 3 милиони умрени од долнорепсираторни инфекции и АРДС. Како предиспозициски фактори за појава на пневмонија се: Прележани Вирусни инфекции, користење на пумпици, медицински интервенции (асистирана вентилација,сонди, биопсии, бронхоскопија..), аспирација на нормална флора од орофаринкс (спиење, нарушувања на свеста..), белодробен едем, ацидоза,хипоксија, имуносупресивни агенси (кортикостероиди, сумамед…), лекови – (аспирин, еритромицин, аминофилин,инхибитори на протонска пумпа), возраст над 65 години (намален неспецифичен имунитет),пушење, алкохол, престој во задимени простории…

…Доктринарни ставови за лекување на болни со КОВИД-19

Позитивен на КОВИД -19 со или без симптоми

Симптоматска терапија, не смее да се дава АНТИБИОТИК, Контролна крвна слика, контрола на Д- димери…

Прележал КОВИД-19: крвна слика во прилог на бактериска инфекција = ЦРП со вредности од 30-80 мг/л (0.08-6.1mg/L.)

Терапија со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)

Се бара потврда на можен причинител. Ако има серолошка, микробиолошка или епидемиолошка потврда за атипичен причинител= Макролиди (сумамед) или Тетрациклини (Доксициклин)

Контролна крвна слика за 4 дена

Лекување на типична пневмонија кај пациент кој предходно прележал КОВИД-19

Типична пневмонија – прлежан КОВИД -19

Помлади од 60 години =цефтриаксон 30-50 мг/кг/тт во кратки инфузии – до 2 гр /еднаш/ден- макс.дози 4 гр – комбиниран со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)

Се чека ефект 4 дена (се следи аускултаторен наод, ЦРП (инфламаторни фактори) СЕ на Ер, Ле…

Влошување или одржување на состојбата: се менува терапија = терапија бр 2 (постари од 60 години)

Постари од 60 години = терапија бр 2

Гликопептид = Vancomycine- 1gr/12h-деца-25-60mg/kg/ден и.в.

Комбиниран со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.