Во интервју за порталот велес365.ком Примариус д-р Славица Трајкова спец. инфектолог, која се одзва на повикот на Министерството за здравство за помош во епицентарот за заразата со коронавирусот во Дебар меѓудругото раскажува како изгледа еден ден во овој град.
Денот на еден лекарски тим во Дебар е полн со предизвици и неизвесност. Никогаш не се знае како ќе заврши. Работа организирана во две смени, два тима од инфектолог, пулмолог и педијатар. Секогаш на располагање на нашите пациенти. Во часовникот не гледаме, часовите не ги броиме.
Затоа што само еден час може да одземе нечиј живот. Нашите телефони постојано се активни, достапни и спремни сме во секој момент да дадеме совет, да ја смириме паниката и да ги посетиме во нивните домови. Кога ќе заборавиш на себе и во целост ќе се ставиш на располагање на оние кои во тебе гледаат херој во бел мантил, тогаш длабоко во себе ја чувствуваш благородноста на својата професија, вели д-р Трајкова.
Целото интервју на следниов линк.
фото: Велес365.ком
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.