На новинарско прашање за тоа какви се прогнозите во наредните денови, односно дали ќе има зголемување на случаите, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ посочи дека ова веројатно е единствената, уникатна епидемија во постоењето на човештвото.

Веројатно е најнепредвидлива. Секако дека очекуваме и зголемување на бројките затоа што активните случаи се далеку поголем број од она што може да се контролира полесно, односно да не се шири инфекцијата. Мерките ќе се менуваат во зависност од потребите. Она што е важно е тие мерки да се почитуваат, порача Стевановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.