Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак нè убедуваат дека вирусот слабеел, рече на денешната прес-конференција д-р Марија Срцева Јовановски, која потенцираше дека ова воопшто не е ситуацијата.

Ситуацијата со коронавирусот е целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници. Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период, вели д-р Срцева.

Според неа, она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните.

Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.
Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус.
Кога ќе се стави ситуацијата со коронавирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните!, порача таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.