Доктор Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, под чие водство е изведена трансплатацијата, рече дека пациентот засега е добар и изрази надеж дека ќе остане добар.

Овој зафат не само што претставува круна во кардиохирургијата во нашата земја, туку и претставува процес на заокружување на лекувањето на терминалната срцева слабост. Трансплатацијата на срце, иако најретко може да го добиеме, е можеби најдобар одговор, изјави Јовев.

Тој изрази надеж дека ваквите процеси ќе продолжат и во идина и ќе имаме уште повеќе донори, за да спасиме уште повеќе животи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.