Во Македонија владее третиот бран на коронавирусот и доминатен е британскиот сој, којшто има побрза трансмисија во однос на претходниот за 50 отсто, значително пократок период на инкубација од 3-5 дена и според последните студии има зголемена смртност од 20-30%, затоа треба да има одредена доза на загриженост, изјави за „Фокус“ д-р Владимир Ристовски, специјалист интернист и субспецијалист кардиолог во градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Тоа се гледа и од секојдневните бројки кој што се во значителен пораст, и се поголем број на хоспиталзирани пациенти во болниците со потешка клиничка слика, Затоа вакцинацијата ние е единствена можност да излеземе од оваа пандемија , а додека бесконечно ги чекаме вакцините комплетно да се придружаме на мерките за здраствена заштита. Да им помогнеме и на лекарите, истиот персонал повеќе една година се бори со болеста, истите лекари, истите медициснки сестри, истите болничари со дежурства на секој 3 -4 дена повеќе од една година по ред, сите ургентни кардиоваскуларни процедури покриени 24 часа, истиот тој медицински персонал секојдневно се бори да спаси што поголем број на човечки животи безрезервно доведувајки го и своето здравје во опасност, појаснува д-р Ристовски.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.