Сите вакцини гарантираат стопроцентна заштита од смртен исход и тежок тек на болеста. Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата, изјави проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.

Според него, вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично.

-Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани. Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони па и веќе милијадри покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи, заклучи Петличковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.