Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски смета дека мора да се прави баланс меѓу стегањето и олабавувањето на мерките.
Сега имаме топло време, отвореност на просториите и шетањето на луѓето на отворено и не е сигурно дека новите мерки ќе дадат лоши резултати. Сепак апелирам на внимателност, бидејќи сме на добар пат во моментов и имаме шанси да постигнеме нешто убаво и многу вредно, односно големо намалување на распространетоста на вирусот и победа над кризата, вели докторот за дневникот на ТВ Сител.
Од среда најавите се дека мерките против коронавирусот уште повеќе ќе се олабават. Врз основа на епидемиолошката слика за која Комисијата за заразни болести смета дека е подобрена, се предлага да се намали полицискиот час, кој би требало да започне од полноќ, но и да се продолжи работното време на угостителските објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.