За да се прогласи крај на епидемијата со коронавирусот во земјава, треба да нема ниеден нов случај на заразен во период од два инкубациони периоди на болеста, во случајов два пати по 14, односно 28 дена. Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека ова практично е невозможно на глобално ниво, меѓутоа локално е можно.
На пример, во некој град во Македонија, ако нема нов случај 28 дена, се знае дека таму нема ниту еден активен случај. Во секој случај, сега имаме ендемија, а не пандемија, односно спорадични случаи на болеста, вели Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.